БИДИ ГРАФИЧАР

ЗА СТРУКАТА

Во нашата графичка струка постојат четири образовни профили, два со тригодишно траење и два со четиригодишно траење. Во овој прилог ви ги прикажуваме стручните предмети кои се изучуваат во секоја година на образование, со цел да дадеме корисни информации за нашите сегашни ученици и со надеж дека ќе побудиме интерес кај нашите идни (со)ученици. Часовите се изведуваат во графички кабинет кој за нас е најважното место од училиштето, место пред сè за учење и извршување на задачите и вежбите кои ни ги одредува струката, но и место каде што секогаш има простор за креативност и дружба, и е секогаш исполнето со пријатна атмосфера за работа, а професорите се разбирливи и отворени за нови идеи и секогаш ги земаат во предвид нашите мислења и ставови, тие се трудат на најзабавен и лесен начин да ни ја доловат графичката струка, да ни објаснат и да нè научат. Затоа БИДЕТЕ ГОРДИ ГРАФИЧАРИ!

ЗАНИМАЊА ОД ТРИГОДИШНО ОБРАЗОВАНИЕ

ПЕЧАТАР - Во образовниот профил печатар, покрај општообразовните предмети, се изучуваат следните стручни предмети:
I г.: Графичка технологија, Графички дизајн, Графички материјали и Практична настава.
II г.: Графички машини, Печатење и Практична настава.
III г.: Графички машини, Печатење и Практична настава.

ИЗРАБОТУВАЧ НА ВИЗУЕЛНИ АПЛИКАЦИИ - Во образовниот профил изработувач на визуелни апликации се изучуваат следните стручни предмети:
I г.: Графичка технологија, Графички дизајн, Графички материјали и Практична настава.
II г.: Алтернативен печат, Графички дизајн, Графички машини и Практична настава.
III г.: Графички дизајн, Компјутерска графика, Практична настава, и Проектирање на визуелни апликации.


ЗАНИМАЊА ОД ЧЕТИРИГОДИШНО ОБРАЗОВАНИЕ

ГРАФИЧКИ ТЕХНИЧАР – Во образовниот профил графички техничар, покрај општообразовните предмети, се изучуваат следните стручни предмети:
I г.: Основи на графичарство и сродни сектори, Основи на графички дизајн и Графички материјали.
II г.: Книговрзување, Преработка на хартија, Сито и висок печат и Печатарски машини.
III г.: Флексо и бакро печат, Картонажа и амбалажа, Фотографски процеси и Печатарски машини.
IV г.: Офсет печат, Електронска обработка на текст и слика, Хемиграфија и Електронска изработка на печатарски форми.

Учениците можат да изберат да следат и некој од следните предмети во III година: Специјални постапки на умножување, Рециклирање на графички материјали и Системи на бои, додека во IV година можат да изучуваат: Дигитален печат, Еко амбалажа и Мерење на бои.


Во сите четири години учениците го следат предметот Содржини програмирани од училиштето, во трета и четврта година имаат практично образование т.е. Учење преку работа кај работодавач, додека феријална практика имаат во прва, втора и трета година.

ГРАФИЧКИ УРЕДНИК-ДИЗАЈНЕР

Во образовниот профил графички уредник-дизајнер, покрај општообразовните предмети, се изучуваат следните стручни предмети:

I г.: Основи на графичарство и сродни сектори, Основи на графички дизајн и Графички материјали.

II г.: Фотографија, Средства за графички дизајн, Техничко уредување на публикации и Типографија.

Форми на графички дизајн, Техничко уредување на публикации, Графичка монтажа и Векторска и растерска графика

IV г.: Дизајн процес, Векторска и растерска графика, Печатарски форми и Пробен печат.

Учениците можат да изберат да следат и некој од следните предмети во III година: Визуелен идентитет, Дигитален печат и Конструкција на словни знаци, додека во IV година можат да изучуваат: Графички стандарди, Дигитален печат и Дигитализација на словни знаци.

Во сите четири години учениците го следат предметот Содржини програмирани од училиштето, во трета и четврта година имаат практично образование т.е. Учење преку работа кај работодавач, додека феријална практика имаат во прва, втора и трета година.

Габриела Гацовска II 4

Image-Givest
Image-Givest
Image-Givest
Image-Givest
Image-Givest

ГрафопресImage-Givest