РАЧНА ПРЕРАБОТКА НА ХАРТИЈА – РЕЦИКЛИРАЊЕ


За да рециклираме хартија потребно ни е: блендер, стара хартија, сито, пегла и крпи. Тоа можеме да го направиме во три фази:


 Во првата фаза хартијата се кини на ситни парчиња и се става во корито со вода за да кисни околу 15-20 минути. Ова се прави со цел хартијата да ја прими водата, да набабри за да може полесно да се иситни, а потоа и полесно да се изведе мелењето.


 Во втората фаза за изработка хартијата се става во блендер, претходно накисната и омекната, а потоа се мели во блендерот со цел да се иситни и да се добие кашеста маса или пулпа. Потоа истата се посипува во корито над поставено сито (кое може да биде без и со рамка) за да се цеди. Следно во оваа фаза е тоа што со поткревање на ситото дел од пулпата останува на него, па како такво се става на крпа. И над него се поставува крпа.


 Во третата фаза хартијата се рамни и се суши со пегла. Ова се прави со цел да испари вишокот на вода, но и да се израмни хартијата како би се споиле влакненцата на истата и би се добила една компактна површина. Откако ќе се заврши со пеглање, хартијата полека се вади од ситото преработена во готова хартија и се остава на топло да се досуши. Во оваа фаза хартијата е веќе рециклирана и преработена, па може повторно да се користи.


На овој начин во нашето училиште, во графичкиот кабинет, веќе со години се рециклира хартија како дел од наставата со ученици од прва до четврта година. Рециклираната хартија се користи со различни намени како за изработка на честитки, за печатење, за подлога на фотографии, за изработка на албуми и сл. Во последните учебни години графичката струка реализираше работилници за рециклирање на хартија и со ученици од основни училишта од Битола кои се запознаваа со еколошкиот начин на користење на хартијата. Затоа ДА НЕ ФРЛАМЕ туку ДА РЕЦИКЛИРАМЕ.


Mаријана Мегленска I 4
Прилогот е изработен во соработка со Валентина Ристеска, наставник по графички стручни предмети




ВОЛОНТЕРСКА АКЦИЈА „ЦВЕЌЕ ЗА СРЕЌА“


На 22 февруари и 1 март 2021 г., во понеделник, на класните часови, графичката струка организираше работилници како дел од волонтерската акција „Цвеќе за среќа“. Оваа акција се организираше во соработка со училишниот волонтерски клуб „Тереза Фердинанди Литовска“.


Во работилниците учествуваа 50-тина ученици од паралелките I 4, II 4, III 4, III 5 и IV 4 од графичката струка, а под менторство на Катерина Спасовска-Маурдева и Мирјана Гичевска (одг. наставници за волонтерскиот клуб), како и Весна Мундишевска-Велјановска, Снежана Паскова и Валентина Ристеска, наставници по графички стручни предмети. Се изработуваа цвеќиња од различни материјали кои учениците потоа ги фотографираа, а потоа ги подарија на своите блиски. Најголемиот дел од изработките се прикажани во видео-клип изработен во рамки на слободните часови за четврта година, под менторство на Весна Мундишевска-Велјановска, кој беше поставен на фејсбук страната на графичката струка https://www.facebook.com/grafickiaktiv2016 .


Објавата на видеото на ФБ страната беше придружена со оваа порака: „Благодат е да се дише среќата на цветот оросен со сончевина сред плодотворна градина Горди сме на творбите на нашите графичари, нашата волшебна, за срце срасната младина Овие изработки се создавани во текот на изминатите две седмици од вредните ученици од I до IV г. графичка струка во соработка со волонтерскиот клуб на СОУ „Таки Даскало“ и веќе донесоа радост кај многумина Нека ве израдуваат и вас “ И навистина беа пријатно изненадување и радост за многу наши блиски и пријатели.


Емилија Трампевска I 4





Image-Givest Image-Givest Image-Givest Image-Givest Image-Givest Image-Givest

Image-Givest

Image-Givest

Image-Givest

ГрафопресImage-Givest