ЅВЕЗДИТЕ ЗБОРУВААТ

ГРАФО-ХОРОСКОП



Image-Givest

ОВЕН

Овните се најодговорните во зодијакот. Секогаш се навремени, прецизни. Бидејќи за нив најинтересни области се механиката и машинството, често ќе ги најдете како одржувачи на графичките машини. Бидејќи го сакаат оружјето, дисциплината и редот, во најлош случај би работеле како стражари или обезбедување во печатница.


Image-Givest

БИК

Биковите се најмрзливи, па затоа на овие луѓе за сè што работат им е потребно во близина да имаат столче. Би биле добри како офсет печатари на некоја машина со помал формат околу која нема да треба многу да се движат. Би било добро да е некоја помала, да нема многу дефекти, за да не мораат често да си ја напуштаат удобната столица и да се ангажираат околу машината.


Image-Givest

БЛИЗНАЦИ

Ова се најбрзите и најкомуникативните луѓе во зодијакот па можат да опслужуваат повеќе работни места истовремено. Добро се снаоѓаат во гужва и напнати атмосфери и затоа најдобро би се снашле на некои големи ротации каде што ќе треба брзо да се регулира дотокот на боја при што би се намалил шкартот. Во најлош случај би работеле како оператори на телефонска централа.


Image-Givest

РАК

За да функционираат добро на работното место, на раковите им е потребно домот да го однесат на работа. Добри се за мануелни работи, па најмногу им одговара работа во одделенија за картонажа и амбалажа, како и книговрзување, каде што доманќилукот ќе го преточат во шиење, лепење и декорирање. Во најлош случај раковите ќе ги најдете како варат кафе за другите вработени во печатницата.


Image-Givest

ЛАВ

авовите се родени шефови, па така во кое одделение и да се вработени сигурно би биле на некоја раководна функција. Бидејќи се креативни добро би се снашле во графичката подготовка, но и како раководители на смени, одговорни на погони, организатори на работата, вработени во комерција или во комуникација со клиенти и сл.


Image-Givest

ДЕВИЦА

Ова се најпедантните луѓе во зодијакот. Наоѓаат грешки таму каде што ги нема, па затоа најдобро работно место за нив би било коректор и сè што е поврзано со голема внимателност и прецизност. Би биле добри во хемиграфијата, во изработката на печатарски форми, особено за бакро печат, но и во контрола на квалитетот на печатењето, во испитувањето на материјалите и сл.


Image-Givest

ВАГА

Вагата е знакот на уметноста и на убавината па би им одговарало сè што е поврзано со нив, а во графичката индустрија има доста такви позиции. Им одговара графичкиот дизајн па би биле одлични партнери за давање на креативни решенија и идеи. Добри се и како фотографи. Можи да се занимаваат и со уметничка графика (литографија, линорез, дрворез и сл.).


Image-Givest

СКОРПИЈА

Скорпииите се лојални и одговорни. Иако функционираат како индивидуалци, подобри се за тимска работа па би одговарале во секоја работа каде што е потребно заемно почитување, колегијалност и сл. Најдобро би се снашле во сигурносниот печат (печатење на хартии од вредност, пари и сл.), односно на работни места кои бараат голема доверливост, перфекционизам и дисциплина.


Image-Givest

СТРЕЛЕЦ

Стрелците се авантуристи, сакаат да истражуваат, па за нив најдобар работен ангажман би бил оној кој е надвор од печатницата. Тие сакаат да се во движење, па би биле успешни како вработени во маркетинг, набавка на материјали, одење на саеми во странство, транспорт на материјалите и сл. Можат да работат и на фотоосветлувачи и на CPC уреди.


Image-Givest

ЈАРЕЦ

Јарците се најамбициозните во зодијакот, па својот максимум би го дале во која било работа во која може да се напредува. Бидејќи сакаат големи нешта, најдобро би се снашле доколку работат на некои големи машини, на пример во картонажа и амбалажа, на слотери, ротобиндери или на колбус линии. Во најлош случај можат да работат како магационери, возачи на виљушкар и сл.


Image-Givest

ВОДОЛИЈА

идејќи водолиите се секогаш чекор пред времето, најдобро е да управуваат со новите технологии во печатниците, како на пример со некои нови машини со вградени системи за управување со боја каде што е потребно познавање на технологијата и напредокот. Најуспешно функционираат кога немаат шеф над главата, па најдобро би се снашле на индивидуални работни позиции.


Image-Givest

РИБИ

Рибите сакаат да работат во мир и тишина, па така за нив најдобро би било да работат во одделението за графичка подготовка, на компјутерска подготовка за печатење или во делот на монтажа каде цел ден тивко и ненаметливо можат да го искажат својот талент. Најдобро би се снашле во активности од сито печат или во некои мали техники (тампон печат, трансфер печат, флексо печат и сл.).