СОУ „Таки Даскало - Битола“

Графичка струка



Графичката струка во СОУ „Таки Даскало“ - Битола е воведена во учебната 1993/'94 год. со две паралелки од профилите графички техничар и печатар. Наставниот кадар е млад и интензивно ги следи модерните текови во образованието така што наставните часови секогаш се интересни и се карактеризираат со динамичност и висока ангажираност на учениците.
Графичкиот актив е пример за тимска работа и може да се пофали со покренувањето на многу успешни иницијативи и активности за подигање на квалитетот на воспитно-образовната работа во училиштето и промовирање на истото. Само за илустрација: графичката струка ја покрена издавачката дејност на училиштето и со текот на годините ја издигна на високо професионално ниво, издавачка дејност на која и денес можат да и завидат огромен број училишта не само во Македонија туку и во странство.
Низ теоретската и практичната настава учениците ги откриваат тајните на печатењето и графичкиот дизајн, ја искусуваат компјутерската подготовка, изработката на филмови и фотографии, изработката и украсувањето на разни кутии, албуми, папки, пликови, кеси и сл. Се запознаваат и со организациската поставеност на битолските печатници, но и на печатниците во Скопје, Прилеп, Кочани и Охрид.
Со графичката струка учениците стекнуваат стручно оспособување кое им овозможува во иднина да бидат: графички дизајнери, книговрзувачи, репрофотографи, монтажери, успешни раководители на печатарско одделение, работници на офсет, бакро, флексо и други печатарски машини, работници во картонажа, сито печатари, контролори на квалитетот на работата, технички уредници во издавачко претпријатие, како и идни дипломирани графички инженери и успешни бизнисмени во областа на графичарството.

Image-Givest