СТАРО-НОВИОТ ГРАФИЧКИ КАБИНЕТ


Креативноста на наставниците и учениците за изнаоѓање начини за реализација на активностите во склоп на практичната настава се многубројни. До неодамна наставниците и учениците на располагање имаа само постари машини кои ја задржаа функцијата на нагледно средство. Со реализација на инвестициски проекти на Министерството за образование и наука, нашиот кабинет доби ново руво. Беше донирана нова и посовремена опрема која битно влијае врз квалитетот на наставата, унапредување на наставниот процес и подобрување на условите за работа на наставниците и учениците. Со остварувањето на оваа цел и со осовременувањето на нашиот работен простор, учениците имаат можност да користат посовремени материјали и да ракуваат со современи машини. Сето ова го олеснува извршувањето на работните задачи од страна на учениците и овозможува проширување на нивните знаења.

Кога се работи со љубов, успехот е неизоставен. Еве како изгледаше обновувањето на кабинетот и низ нашето „графичко око“:


Ана Митровска III 4
Прилогот е изработен во соработка со Катерина Спасовска-Маурдева, наставник по графички стручни предмети




Image-Givest



Image-Givest



Image-Givest



Image-Givest



Image-Givest

ГрафопресImage-Givest