БИТОЛСКИ КНИЖЕВЕН КРУГ



Оваа рубрика и во претходните броеви изобилувала со разни теми од културата, се пишувало за разновидни културни настани или пак се објавувале интревјуа со познати културни работници. Во овој број ќе ви ја „рапортираме културата“ преку запознавање со активностите на писателите од Друштвото на писатели „Битолски книжевен круг“ (БКК), кои долги години работат, творат и оставаат трага по која ќе ги паметат многу идни генерации. Друштвото е основано во 2005 година, а официјално е регистрирано во 2006 година. Во него членуваат писатели кои живеат на подрачјето на Општина Битола, а се членови на Друштвото на писателите на Македонија.

Претседател на „Битолскиот книжевен круг“ е писателката Елизабета Јончиќ, а од минатата година БКК може да се пофали и со својата веб страна https://bkk-pisateli.mk/ која е огледало на активностите на членовите на БКК, но и место каде се објавуваат творби на автори од земјата и од странство. Битолскиот книжевен круг издава и свое списание „Раст“, а ја организира и меѓународната манифестација „Битолски книжевни паметења“.

Графичката струка редовно соработува со писателите, а во оваа прилика ви го претставуваме нивното најново издание „Синестезија на зборот“ и се надеваме дека ќе разбудиме уште поголем интерес за нивните дела.

Друштвото на писатели „Битолски книжевен круг“ на 23 април – Светскиот ден на книгата и авторското право, ја издаде книгата „Синестезија на зборот“ која е мозаик на творби на тема Зборот чии автори се 18 писатели од Битола, со што членовите на БКК го дадоа својот придонес кон одбележувањето на стогодишнината од раѓањето на Блаже Конески. Книгата е квалитетно колор издание во кое творбите се вкомпонирани со колоритот на уметничките дела на десет македонски ликовни уметници меѓу кои е и нашата професорка по Ликовна уметност Љубица Мешкова Солак, кои со своите слики впечатливо го вдахновуваат доживувањето на синестезијата на зборот.

Приредувачи на изданието се: Весна Мундишевска-Велјановска, Даниела Андоновска-Трајковска и Елизабета Јончиќ, а ликовен уредник Љубица Мешкова Солак.

За нас графичарите интересно е да се напомене дека логото на БКК е дело на нашиот професор по дизајн Миле Атанасоски, а нашата професорка Весна Мундишевска-Велјановска покрај што е член, била секретар на БКК во перидот од 2015 до 2018 година и уредник на списанието „Раст“. Воедно таа ја направи компјутерската обработка и дизајнот на корицата за оваа книга, а професорката Мешкова-Солак е автор на илустрацијата на предната корица.


Моника Балева I 4

Image-Givest
Image-Givest

ГРАФИЧКАТА СТРУКА ОД СОУ „ТАКИ ДАСКАЛО“ И „БИТОЛСКИОТ КНИЖЕВЕН КРУГ“ ПО ПОВОД СВЕТСКИОТ ДЕН НА КНИГАТА



Во текот на месеците март и април 2021 г. ученици од прва до четврта година графичка струка изработуваа обележувачи за книги по сопствен дизајн. За изработката на истите се користеа познати, но и сопствени мисли за книгата, а беа изработени и обележувачи според корици на книги од писателите од „Битолскиот книжевен круг“.

При изработката на обележувачите за книги ние учениците се чувствувавме прекрасно затоа што работевме тимски со професорите и правевме нешто што ќе биде од голема корист. Одговорни професори за активноста беа: Весна Мундишевска-Велјановска, Катерина Спасовска-Маурдева, Снежана Паскова, Мери Цицковска и Валентина Ристеска.

Изработивме стотици обележувачи кои беа испечатени во боја, а потоа доработени во текот на практичната настава. Овие обележувачи, заедно со огромен број книги кои ги донираа писателите од „Битолскиот книжевен круг“, како и со изданија на СОУ „Таки Даскало“, беа донирани во училишните библиотеки на сите основни училишта од Битола и на Педагошкиот факултет Битола. За оваа активност информираа и медиумите, а фејсбук страниците на училиштата и на БКК беа полни со благодарност за соработката.


Павле Димовски 1-4

Image-Givest
Image-Givest

ГрафопресImage-Givest