ОГЛЕДАЛО НА ДУШАТА Image-Givest

ЗОШТО?

Зошто љубовта во мислата трае да одговори никој не знае, зошто, како секоја, и љубовта наша, о, зошто е љубовта непровидна чаша?

Зошто кога љубам убаво е сè, зошто заљубената не постои, не, со љубената во срцето мирно се спие, о, зошто душата ништо не ѝ крие?

Зошто кога сакам песна ми се пее, околу ушите тивко ветре ми вее, зошто кога ставаме рака во рака струја поминува нежна и млака?

Зошто јас ја љубам фантастично, чудно, во окото ја чувам нажалено и будно? Можеби затоа што до мене не е, па далечината љубовта посилно ја грее.

Петар Трајковски III 5

ЧУВСТВЕНА

Душата – полна со љубов
Љубовта – чувство во душата
Чисти срца, полна душа
Небото сјае, а ѕвездите пеат.
Дете чисто како капка солза
Пролиена од искрена радост
Внимание кое нема цена
Зборови изговорени од срце
Како мирна песна од славеј.
Патека од убавини без крај.

Мартина Стојаноска III 4

ВЕРБА

Верував во сон, стигнав до целта.
Верував во срцето, добив царство со цветови.
Верував во небото, најдов безброј ѕвезди.
Верував и добив: вера и надеж чиста и бистра мисла – бескраен мир.

Мартина Стојаноска III 4

ДАЛИ ЗНАЕШ?

Дали знаеш колку е мачно што срцето мое по тебе е плачно, телото мое осамено е бедно, лицето твое да го љубам чедно?

Дали знаеш колку е тешко срцето осамено од љубов да е жешко, душата празна да плаче и вика што крај себе ја нема својата слика?

Дали знаеш колку е тажно осамен да бидеш, а да љубиш снажно, мислата моја по тебе да жали, мислата за тебе страста што ја пали?

О, дали знаеш колку те љубам, безмерно и вечно, не сакам да те губам? Да бидеш моја желбата нема да згасне, љубовта моја никогаш нема да спласне.

Петар Трајковски III 5
Илустрација: Дарко Бошковски

ГрафопресImage-Givest