ЗА НАСИЛСТВОТО ВО УЧИЛИШТАТА


На ден 12 февруари 2021 година, во организација на Центарот за човекови права „АМОС“ – Битола и графичката струка од средното училиште „Таки Даскало“ – Битола, беше одржана работилница на тема „Насилство во училиштето“. Вклучени беа ученици од прва, втора и трета година и нивните професорки Катерина Спасовска-Маурдева и Весна Мундишевска-Велјановска. На сите ученици кои учествуваа во работилницата им беа доделени сертификати.


Работилницата се одвиваше во два дела во кои Даниела Јовановска и Билјана Темелкова-Бејковска ни прикажаа презентации за насилството во училиштето, а беа побарани и мислења од учениците за оваа проблематика и се разви интересна дискусија.


Кога зборуваме за насилството во училиште, треба да имаме предвид дека едно од десет училишни деца се соочува со насилство на училиште и овие бројки се во пораст. Иако телесното казнување е забрането во повеќето европски училишта, насилничкото однесување и булингот се широко распространети. Затоа важно е:


 ДА ГО ПРЕПОЗНАВАМЕ НАСИЛСТВОТО,
 ВЕДНАШ ДА РЕАГИРАМЕ НА ИСТОТО,
 ДА НЕ ГО ТОЛЕРИРАМЕ И
 ДА ДАДЕМЕ СÈ ОД СЕБЕ ЗА ДА ГО ИСКОРЕНИМЕ.

ВРЕМЕТО ПОМИНАТО ВО УЧИЛИШТЕТО НЕКА НИ БИДЕ ЕДНО ОД НАЈУБАВИТЕ СЕЌАВАЊА ВО ЖИВОТОТ

Петар Велјановски I 4



РАБОТИЛНИЦА СО „АМОС“ ЗА ГОВОР НА ОМРАЗА


На 20 март 2021 г. ученици од прва, трета и четврта година графичка струка учествуваа во работилница на тема „Говор на омраза“ која ја организираше Центарот за човекови права „АМОС“ – Битола.


Омразата може да постои поради различни основи, поради раса, боја на кожа, радост, социјално потекло, религија, ментална попреченост или инвалидитет и др. Освен преку директен говор може да се изрази преку пишување на навредливи симболи, графити, цртежи и слично. На оваа работилница научивме дека доколку видиме и препознаеме говор на омраза треба да го пријавиме затоа што тој потоа иницира насилство, како и дека треба да се подигне свесноста за овој проблем кај сите чинители, да се практикува слобода на изразување и сите да се почитуваме.


За учеството во работилницата АМОС им додели сертификати на сите учесници. Работилницата ја раководеа Билјана Темелкова-Бејковска и Даниела Јовановска од „АМОС“, кои секогаш настојуваат да го зачуваат убавото и човечното пред сè кај младите, а одговорни наставници беа: Катерина Спасовска-Маурдева, Весна Мундишевска-Велјановска, Валентина Ристеска и Снежана Паскова. Со нетрпение ја очекуваме следната соработка.


Николче Трајковски I 4
Илустрација: Моника Балева I 4



ГРАФИЧАРИТЕ ВО ПРОЕКТ СО МОН И „МЕГАСОФТ“ – БИТОЛА


Графичката струка, учествуваше во проект кој се реализираше како спроведување на грант програмата „Зајакнување на соработката меѓу училиштата и бизнис заедницата“ во соработка со Министерството за образование и наука и „Мегасофт“ – Битола. Проектот беше финансиран од Светска Банка, а во нашето училиште се реализираа: мерка 2 – Практична настава за учениците од графичка струка и мерка 3 – Воспоставување на курсеви со решавање на проблеми за зајакнување на меките вештини кај учениците и наставниците.
Проектот започна на 23 декември 2019 година. Беа опфатени 52 ученици од втора, трета и четврта година. Истиот успешно се реализираше до 10 март 2020 година кога заради прогласената пандемија од COVID 19 беше прекината наставата во училиштата. Практичната настава продолжи со реализација од 21 октомври 2020 година, на комбиниран начин – во кабинет и онлајн.
Се работеше по програма која содржи актуелни содржини од интерес на учениците од графичката струка: графички дизајн, работа со растерска и векторска графика – Adobe Photoshop, Illustrator, веб дизајн – HTML5+CSS3, интернет безбедност и интернет маркетинг. Реализираната практична настава беше од големо значење за учениците. Тие добија знаења и вештини кои ќе им овозможат да се вклучат во пазарот на трудот или да го продолжат своето школување. За успешно завршената обука сите ученици добија сертификати.
УМЕТНОСТА НАЈЧЕСТО Е РЕЗУЛТАТ НА ВРОДЕН ТАЛЕНТ, А ДИЗАЈНОТ Е ВЕШТИНА КОЈА МОЖЕ ДА СЕ НАУЧИ. ЗАТОА РАБОТИ, РАБОТИ И САМО РАБОТИ!

Антонио Марковски I 4
Прилогот е изработен во соработка со Александар Трајковски, наставник по графички стручни предмети







Image-Givest













Image-Givest











Image-Givest












Image-Givest

ГрафопресImage-Givest