СТАРО-НОВО ВО НАШЕТО МААЛО


Roland SP-300i е плотер со сечачи со кој можеме да печатиме етикети, налепници, постери, надворешни налепници на возила и други промотивни производи со која било големина, соодветни за секакви климатски услови и со користење на широк спектар на подлоги за печатење, вклучително и лепило-винил, хартија, филм, церада и хартија за пренос на топлина. Софтверот и технологијата Roland Intelligent Pass Controls овозможува фини градации и беспрекорни полни тонови, а ја зголемува и продуктивноста.
Оваа машина има вграден систем за греење составен од грејач на бојата со цел да се подобри адхезијата на бојата, а сушењето (после печатењето) се забрзува со дувалка за топол воздух (фен).
Поседува софтверски процесор за растрирање на сликата (RIP). Обработката се извршува во компјутерот, а како влезни датотеки се користат eps, pdf или tiff датотеките. Растрирањето се извршува на компјутерот, во PostScript-датотека која потоа се испраќа до машината.
VersaWorks користи Roland систем на бои со кои се овозможува прецизна репродукција на истите. Печатењето може да биде единечно, може да се испечатат повеќе фајлови со различни содржини, а исто така може да се печати и една датотека во поголем тираж. Притоа секој отпечаток може да содржи фотографии, текст, векторски цртежи. Софтверот VersaWorks исто така овозможува рационална употреба на бојата и времето на печатење со што лесно може да се организира работата, во смисла на време и трошоци.
Покрај овие, машината е опремена и со сечила кои можат да режат секакви форми на печатениот материјал. Сечењето може да биде поставено уште во самата креација на цртежот во вид на линии за сечење, или, доколку ги нема, самиот софтвер автоматски може да ги одреди завршните линии и да го изврши сечењето. Покрај единечен, на еден табак може да се дуплираат неограничен број на дизајни.
Плотерот Roland SP-300i користи инк-џет технологија на печатење и може да се управува истовремено од повеќе вмрежени компјутери. Може да печати на максимална ширина од 762 mm и минимална од 182 mm, и на должина според потребите. Брзината на печатење му е 4,1 m2/h при резолуција од 1440 dpi. Брзината на сечење зависи од сложеноста на производот и се движи од 10 до 300 mm/s.
Плотерот користи EcoSol (солвентни) бои (цијан, магента, жолта и црна), а потребно му е константно напојување со цел да ја одржува конзистентноста на бојата. Во спротивно може да дојде до сушење на бојата за кое подоцна ќе биде потребен посложен зафат за чистење на главата за печатење.
Roland SP-300i е многу добра машина за самостоен бизнис затоа што дава многу можности за печатење на разновидни производи, а не треба некоја посебна обука за ракување.


Иван Стефановски II 4
Прилогот е подготвен во соработка со Оливер Цветковски, наставник по графички стручни предмети





Image-Givest

ГрафопресImage-Givest