Image-Givest



Ранетото срце е како ранетата птица. Ранетото срце е срце кое осетило љубов без возврат. Срцето е роб на љубовта и многу лесно ѝ подлегнува. Кога најмалку очекуваш љубовта ќе влезе во срцето. Потребен е само еден момент, а потоа цел живот ќе патиш од љубов. Силно срцебиење, измешани чувства, мисли каде е љубениот, што прави сега...., а кога ќе го видиш не знаеш што да правиш, мислите ти се измешани и во тој момент се бориш да не дознае дека го сакаш бидејќи тогаш чуствата ти се измешани. Се прашуваш дали ги има истите чуства како и ти, дали те сака како што го сакаш и ти. Знае ли некој што е љубов? Еднаш прашале еден професор што е љубов, а тој одговорил – „Не ја знам таа лекција“, прашале и таксист, а тој одговорил – „Не ја знам таа улица“, прашале некое дете кое одговорило „Не ја знам таа игра“, а еден замислен и збунет човек одговорил – „Љубов е тоа што ме направи ваков“. Љубовта прави секој момент да ти недостига саканата личност, сè околу тебе да потсетува на таа личност. Ранетото срце секогаш мисли на оној кого сака да го заборави, но не може да ги заборави очите што ги гледа како најубавата слика и не може да заборави да го слуша најубавиот глас, како да ја слуша најубавата музика. Понекогаш и најсилниот носи рането срце. Ранетото срце крвари, но сеуште чука исто како ранетата птица што лета на небото со болка. Велат љубовта е најубавото нешто што ќе ни се случи иако понекогаш боли. И ранетото срце чука со надеж за подобро утро, за подобар ден. Чука со надеж дека ќе ги види саканите очи и ќе го слушне саканиот глас сред метежот. Ранетото срце сонува за среќна љубов.

Јулија Долевска IV 4

ЉУБОВ

Кога некој вистински ќе засакате единствено нешто што му го посакувате е да биде среќен, дури и ако не е со вас. Сепак да немаше болка во љубовта, немаше да се препознаваме во тажните песни. Секогаш, без разлика колку и да сте повредени, безнадежни, кога најмалку очекувате ќе се појави некоја „искра“ на среќа, односно ќе се појави некој кој ќе ви пружи чувство на мир, топлина, хармонија, среќа, а вашите рани за миг ќе бидат излечени...

Кристина Јованова I 4

ГрафопресImage-Givest